12 март 2009

Зошто антинато-блог?

Ова е блог на коалицијата „НАТО доста е!“ која организира серија активности со кои ќе го искажеме нашето спротивставување на постоењето на воената алијанса. По повод шеесетиот роденден на пактот предвидени се дебати, пресконференции, соопштенија, плакати, флаери, концерти и како завршница еден протест во центарот на Скопје.
На овој блог ќе бидат објавувани сите материјали што ќе произлезат од активностите.

АНТИМИЛИТАРИЗАМ

Мирот и безбедноста не се постигнуваат со привилегирање на воените структури, складирање и купување на ново и модерно оружје, ниту со членство во НАТО. Сопствената политика во најголема мерка го утврдува степенот на безбедноста на граѓаните и на целата заедница во дадениот простор. Политиката која се заснова врз дијалогот, врз изградбата на културата на мирот, договорот и соработката, пред се со првите соседи, го прави најдобриот можен начин на создавање на мир и сигурност. Политиката на „трка во вооружување“ и “рамнотежа на стравот“ помеѓу спротивставените страни е погубен модел кој што не придонесува за осигурување на мирот, туку претставува опасност за целата планета.

Македонија би можела да оствари непроценлив придонес кон мирот во регионот преку давање на сопствен пример избирајќи го патот на демилитаризацијата и изградба на комуникација и доверба со соседните земји.

РЕФЕРЕНДУМ

Зачленувањето во НАТО претставува стапување во сојуз со други држави и како такво за него важи членот 120 од Уставот на Република Македонија, кој налага задолжителен референдум околу тоа прашање. При тоа, бараме да се овозможи македонските граѓани да бидат квалитетно информирани околу тоа што е НАТО, што значи влегување во воен пакт, колку тоа чини, за што служи, до што може да доведе.

СОЗДАВАЊЕ НА МРЕЖА/ДВИЖЕЊЕ

Сакаме да изградиме и афирмираме независно граѓанско движење, во јавноста јасно препознатливо како противтежа на милитаристичкиот однос кон поимите сигурност и безбедност. Движење кое ќе има кредибилитет, влијание и сила на аргументите во своите заложби за политика на мир и изградба на праведно општество.
Движењето е отворено за поединци/ки од институциите, синдикатите, политичките партии, невладините организации, неформалните групи и сите останати кои ги делат вредностите околу кои се соединивме.

4 коментари:

  1. Pa od NATO e dosta i poradi toa sto bese voved vo ukinuvanje i na onoj minumum megunarodno pravo sto postoese do 1993.

    ОдговориИзбриши
  2. А сигурни ли сте во време на мнозинство, од популацијата на планетава, кое е милитантно расположено дека ваква иницијатива воопшто би била земена во предвид?

    ОдговориИзбриши
  3. Да се прашуваше народот низ планетава, НАТО ќе го немаше одамна. Мали елити си туркаат свои интереси. Впрочем, тоа и не е најбитно во овој момент. „Вистината стои и кога нема јавна поддршка. Таа е самоодржива“ - Ганди.

    Останува само да се полемизира со тезите на нивната или нашата вистина. Не може да застапуваме само идеи кои се популарни. На што би личело тоа?

    ОдговориИзбриши
  4. ej ivica, daj nekako da se vklucam po aktivno vo seto ova posto me interesira temava

    bumbar_sk@mail.net.mk (stavi me vo listata na mejlovi za informacii)

    POZDRAV BumBar

    ОдговориИзбриши

од сајтовите на партнерите